|
Експертска мисија за медицински мерни инструменти |
|
|
|
Во рамки на TAIEX - Инструментот за техничката помош и размена на информации, Бирото за метрологија на 20 и 21 Септември 2010 година, ќе организира експертска мисија за контрола на медицински мерни инструменти. Целта на овој дводневен настан е фокусирано кон подобрување на знаењето и разбирањето на барањата на Директивата за медицинските мерни инструменти, околу CE Обележување и ISO сертификација и контролата на производите. |
|
|
Потпишување меморандум за соработка помеѓу (ЈСП и БМ) |
|
|
 На ден 11.08.2010 година во просториите на ЈСП СКОПЈЕ потпишан е меморандум за соработка помеѓу Јавното сообраќајно претпријатие Скопје и Министерство за Економија - Биро за метрологија поради потреба од експертска поддршка во областа на моторните возила, а со цел продолжување на успешната досегашна соработка.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Работна посета во ЛАЗ Украина |
|
|
|
Во периодот од 14 до 16 Јули 2010 година, директорот на Бирото за метрологија г-н Димитар Парнарџиев и претставници од ЈСП Скопје, остварија работна посета на фабриката ЛАЗ во Украина, каде што се изработуваат 84 автобуси за градскиот сообраќај. Посетата е дел од договорените редовни технички инспекции за утврдување на квалитетот и динамиката на изработка на возилата, во согласност со тендерската документација за набавка на нови автобуси за потребите на ЈСП Скопје, финансиран од Владата. Надзорот на производниот процес на автобусите се врши со цел да се задржи квалитетот на возилата, што треба да е по европски стандарди. |
|
|
TAIEX – Работилница за калибрација на реф. термометри |
|
|
|
Во рамки на TAIEX - Инструментот за техничката помош и размена на информации, Бирото за метрологија на 11 јуни 2010 година, ќе организира работилница на тема „Калибрација на референтни термометри кои се користат при проверки и контрола на термометри кои се користат во прехранбената индустрија каде што се применува HACCP стандардот“.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
БИРОТО ЗА МЕТРОЛОГИЈА - ПОЛНОПРАВЕН ЧЛЕН ВО EURAMET |
|
|
|
Бирото за метрологија, како одговорна институција за одржување и развој на метролошкиот систем во Република Македонија, стана полноправен член на EURAMET (Европската асоцијација на Национални Институти за Метрологија). Со полноправно членство во организацијата, Бирото за метрологија се стекна после успешната презентација на достигнувањата и исполнетоста на критериумите пропишани во актите на ЕУРАМЕТ, пред членовите на Генералното собрание на EURAMET, кое се одржува од 25 до 27 мај во Лисабон, Португалија, на кое што присуствува и Директорот на Бирото за метрологија, г-дин Димитар Парнарџиев.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>
|
| Резултати 1 - 5 од 47 |