|
За предмети од скапоцени метали се сметаат сите предмети од злато, сребро или платина со минимум законски пропишана количина на тој метал во легурата од која е изработен предметот.
Предметите кои се изработени од скапоцени метали (накит, пара, свеќник, сад, очила итн.) и се наоѓаат на пазарот на Република Македонија мораат да бидат означени со:
- За предмети од домашно производство над 1 g (3 ознаки):
-
Ознака на финост која претставува трицифрен број и ја означува количината на скапоцен метал во легурата во промили (пр.585 која значи 585 илјадити делови на злато во целокупната легура од која е направен предметот)
-
Знак на производител претставува правоаголник во кој се втиснати две букви (најчесто иницијалите на производителот) и три цифри, пр:АБ123
-
Државен жиг односно жиг за потврда на степенот на финост (облиците на државните жигови за секој скапоцен метал и за секоја финост се дадени подолу).
- За предмети од домашно производство под и до 1 g (2 ознаки):
-
Ознака на финост
-
Државен жиг
- За предмети од увоз – странско потекло (2 или 3 ознаки):
-
Ознака на финост
-
Државен жиг
-
Незадолжително - Знак на производител кој не мора да е компатибилен со формата на домашниот знак на производител и овој знак може да го имаат предметите од увоз, но и не мора.
Сигурноста во квалитетот на предметите од скапоцени метали се гарантира со државниот жиг, кој купувачот би требало да го види пред да го купи самиот производ односно да се осигура дали предметот е претходно проверен во Бирото за метрологија. За таа цел продавачот е должен на ѕидот од продавницата да има слика со облиците на државните жигови и на барање на купувачот да му даде лупа со која би можел подобро да ги види сите ознаки.
За испитување, жигосување и контрола на предметите од скапоцени метали се грижи Одделението за контрола на предмети од скапоцени метали во Бирото за метрологија.
Одделението ги извршува сите активности со цел обезбедување на спроведувањето на Законот и подзаконските акти за контрола на предмети од скапоцени метали односно:
- предлага и учествува во измените и дополнувањата на Законот за контрола на предметите од скапоцени метали и подзаконските акти кои произлегуваат од него,
- се грижи за правилна примена на законот и подзаконските акти преку информирање на производителите, увозниците и лицата кои пуштаат во промет предмети од скапоцени метали за постоечките законски прописи и можностите на одделението во областа на скапоцени метали,
- врши испитување на составот и финоста на предметите од скапоцени метали и жигосување на истите,
- врши анализа на легури од кои се изработуваат предмети од скапоцени метали,
- врши надзор над исправноста и жигосаноста на предметите од скапоцени метали кои се пуштаат во промет,
- врши увид во исполнетоста на условите за добивање на знак на производител
- води регистар на знаци на производители на предмети од скапоцени метали,
- врши стручни експертизи од оваа област за државните органи.
Во одделението за контрола на предмети од скапоцени метали функционира лабораторија за испитување, жигосување и хемиска анализа на скапоцени метали.
За таа цел лабораторијата располага со опрема за брзо испитување на предметите од скапоцени метали и опрема за квантитативна хемиска анализа согласно ISO стандарди:
- Квантитативна хемиска анализа на злато со метод на купелација МКС-ИСО 11426
- Квантитативна хемиска анализа на сребро со волуметриска анализа по Gay-Lussac и Volhard-ова метода
- Гравиметриска квантитативна хемиска анализа на платина
Одделението за контрола на предмети од скапоцени метали превзема активности со цел вклучување во меѓународни асоцијации од полето на скапоцени метали, како што се:
- IAAO -International Association of Assay Office, каде Бирото за метрологија стана членка во 2009год. и
- Hallmarking Convention (Vienna Convention).
| Закони - Одлуки - Правилници |
| Законот за контрола на предмети од скапоцени метали („Службен весник на Република Македонија”, број 23/1995) |
| Закон за изменување и дополнување на законот за контрола на предмети од скапоцени метали ("Службен весник на Република Македонија, број 22/2007") |
| Одлука за изменување и дополнување на одлуката за висината и начионот на плаќање на надоместок на трошоците за испитување и жигосување на предмети од скапоцени метали. („Службен весник на Република Македонија”, број 45/1994) |
| Одлука за изменување и дополнување на одлуката за височината и начинот на плаќање на надоместокот на трошоците за испитување и жигосување на предмети од скапоцени метали (“Службен весник на Република Македонија”, број 126/2007) |
| Правилник за обрасците на Барањето за знак на производител на предмети од скапоцени метали, Решението за знак на производител, Регистар за знак на производител и начинот на водење на Регистар за знак на производител („Службен весник на Република Македонија”, број 78/2007) |
| Правилник за техничките услови што производителот на предмети од скапоцени метали треба да ги исполни за добивање на знак на производител на предмети од скапоцени метали („Службен весник на Република Македонија”, број 76/2007) |
| Правилник за формата на знакот на производител („Службен весник на Република Македонија”, број 89/2007) |
| Правилник за начинот на испитување и жигосување на предметите од скапоцени метали („Службен весник на Република Македонија”, број 124/2007) |
| Правилник за условите на испитување и жигосување на предметите од скапоцени метали надвор од службените простории на Бирото за метрологија („Службен весник на Република Македонија”, број 124/2007) |
| Правилник за начинот на определување и обележување на степенот на финост на премети од скапоцени метали („Службен весник на Република Македонија”, број 124/2007) |
| Правилник за техничките услови што во поглед на изработка треба да ги исполнуваат предметите од скапоцени метали („Службен весник на Република Македонија”, број 75/2007) |
| Правилник за образецот на легитимацијата на овластените работници кои вршат надзор над исправноста и жигосаноста над предметите од скапоцени метали и за начинот на издавање на легитимацијата („Службен весник на Република Македонија”, број 76/2007) |
| Барања |
Барање за испитување и жигосување на предмети од скапоцени метали (Производител)
|
Барање за испитување и жигосување на предмети од скапоцени метали (Увозник)
|
|
Одговорни:
Билјана Мишевска
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
тел.:2403676 локал 37
Радица Велкова
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
тел.:2403676 локал 29
Зоран Илиевски
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
тел.:2403676 локал 12
|
|