Aнкета

Дали ви се допаѓа веб сајтот:
 
transport_kg.jpg
Прва arrow Национални Метролошки Лаборатории (Калибрација)
Национални Метролошки Лаборатории (Калибрација) Испечати Е-пошта

Една од најважните задачи на Бирото за метрологија е да ги остварува, чува и одржува националните еталони и со калибрација или меѓулабораториска споредба ја обезбедува нивната следливост. 
Задачата на Бирото е, преку националните еталони,  да обезбеди следливост на мерните резултати на еталоните, односно  мерилата да ги  доведе во врска со одредени референци, обично со националните или меѓународните еталони, со посредство на непрекинат синџир на споредување кои имаат назначена неодреденост. Следливоста на еталоните на Бирото за метрологија се одржува со редовни калибрации во Национални метролошки институти, кои што имаат директна следливост до меѓународните еталони, а оспособеноста на националните лаборатории се докажува преку учество во работата на техничките комитети на ЕУРАМЕТ и интер лабораториски компарации.
Од 2007 година, Бирото за метрологија е потписник на CIPM MRA - Аранжман за прифаќање на сертификатите за калибрација издадени од земјите потписнички на овој аранжман, под надлежност на Меѓународниот комитет на тегови и мери (CIPM) како тело од Конвенцијата за метарот.  Целта на овој аранжман е  да се воспостави одреден степен на еднаквост на националните еталони од Националните метролошки институции (НМИ),   да се обезбеди  меѓусебно признавање на сертификатите за калибрација издадени од НМИ, и на тој начин да се обезбеди  транспрентна техничка основа за надминување на техничките бариери во меѓународната трговија.
Бирото за метрологија ги десеминира вредностите на мерните единици преку калибрации во националните метролошки лаборатории и во сертификатите, како потписник се повикува на CIPM-MRA аранжманот.
Подолу е дадена структурата на националните метролошки лаборатории и нивните калибрациони можности.

Раководител на сектор за калибрација:
М-р Данчо Пендовски 
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
тел.: 2403676 локал 021, 022
 
Лаборатории
Механички 
Физички 
Електрични
Други
Лабораторија за маса Лабораторија за должина Лабораторија за AC/DC ниска фреквенција Лабораторија за хемиски мерења
Лабораторија за притисок Лабораторија за зафатнина и проток Лабораторија за електрична енергија   Лабораторија за референтни материјали
Лабораторија за густина Лабораторија за температура    Лабораторија за    време и фреквенција     Лабораторија за     звук