Menu

Соопштение за вредноста на бодот

Според соопштението број 4.1.16.15 од 25.02.2016 година на Државниот завод за статистика на Република Македонија, просечната исплатена месечна нето плата по вработен за 2015 година изнесува:

Благодарница за Бирото за метрологија

По повод 60 години од своето основањето на Завод за испитување на материјали и развој на нови технологии “Скопје” АД Скопје Бирото за метрологија доби Благодарница за континиуриана и плодна соработка во областа на техничко и технолошките науки.

ПРОШИРЕН ОПСЕГ НА АКРЕДИТАЦИЈА НА ЛАБОРАТОРИИТЕ ЗА КАЛИБРАЦИЈА

Лабораториите за калибрација на Бирото за метрологија го зголемија опсегот на акредитација за уште три величини – релативна влага, акустични мерења и електрични големини. По успешно помината надзорна оцена со проширување на акредитацијата согласно МКС EN ISO/IEC 17025,  извршен од страна на Институтот за акредитација на Република Македонија  и технички експерти во горенаведените области од област од Дирекција за мерки и скапоцени метали –Национален Метролошки Институт на Република Србија.

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО ФЕИТ

На 17 Ноември 2015, директорот на Бирото за метрологија, м-р Димитар Парнарџиев и Деканот на Факултетот за електротехника и информациски технологии во состав на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Проф. д-р Миле Станковски потпишаа Меморандум за соработка.
Со овој Меморандум се утврдува рамката во која се реализира соработката меѓу потписниците за работи од заеднички интерес базирани на искористувањето на научно-стручните, професионалните, материјално-техничките и просторните услови на една од двете странки насочени кон унапредувањето на едукативните, истражувачките и апликативните активности од областа на метрологијата, електротехниката и информациските технологии.

Потпишан Меморандум за разбирање со Центарот за метрологија на Кралството Шпанија

Денес, 13.11.2015 година  во Мадрид, Кралство Шпанија директорот на Бирото за метрологија на Република Македоникја М-р Димитар Парнарџиев и Dr. Fernando Ferrer Margalef, директор на Центарот за метрологија на Кралството Шпанија потпишаа Меморандум за разбирање.

Главните области предвидени со Меморандумот за разбирање што денес беше потпишан се унапредувањето на соработката во размена на знаења, учество во научно-истражувачки проекти и проекти на меѓулабораториски споредби и трансфер на знаење преку организација на обуки на вработените и учество на семинари како и развој и воведување на нови методи и мерни техники во секојдневната работа.

СООПШТЕНИЕ

Во недела на 25 октомври 2015 година во 03h 00min 00s завршува летното сметање на времето, така што со поместување за еден час наназад времето во 03h 00min 00s се смета како 02h 00min 00s.    

Одржан Теам Билдинг на вработените од Бирото за метрологија.

Во период од 16.10 до 18.10.2015 година во Хотел Манастир – Берово беше одржан Теам Билдинг на вработените од Бирото за метрологија, каде беше одржано советување и обуки на вработените од Бирото за метрологија.

Обуката беше организирана од страна на Мотива – центар за менаџмент консалтинг образование и обука на тема “Комуникација со корисници и испорака на врвна услуга, управување со време и зголемување на продуктивноста на работно место”.

Сектор за општи работи, финансиски прашања и информатички системи

Сектор за општи работи, финансиски прашања и информатички системи

ГОДИШЕН СОСТАНОК НА IAAO И ВИЕНСКАТА КОНВЕНЦИЈА ЗА СКАПОЦЕНИ МЕТАЛИ

Во периодот од 8 до 12 Септември 2015 година во Лондон, Велика Британија, претставници од Бирото за метрологија земаа учество на  77-от состанок на Hallmarking конвенцијата и 16-от состанок на IAAO (Меѓународната асоцијација на институции кои проверуваат предмети од скапоцени метали). Hallmarking конвенцијата или позната како Конвенцијата за контрола и означување на предмети од скапоцени метали или “Виенска Конвенција” е меѓународен договор помеѓу државите договорнички, која има за цел олеснување на прекуграничната трговија на предмети од скапоцени метали. Опсегот на Конвенцијата е строго ограничен на контрола на содржината на предмети од скапоцени метали. IААО е форум за размена на информации и промоција на техничка соработка меѓу надлежните државни канцеларии за анализа и жигосување на предмети од скапоцени метали.

Техничка помош за подготовка на проекти за Бирото за метрологија

На 29.06.2015год. во просториите на Бирото за метрологија се одржа воведен состанок со кој отпочна имплементација на проектот IPA/TAIB 2011/6.9/LOT10/06.1 – Техничка помош за подготовка на проекти за Бирото за метрологија.

Switch The Language
    Scroll Up

    Etiam magna arcu, ullamcorper ut pulvinar et, ornare sit amet ligula. Aliquam vitae bibendum lorem. Cras id dui lectus. Pellentesque nec felis tristique urna lacinia sollicitudin ac ac ex. Maecenas mattis faucibus condimentum. Curabitur imperdiet felis at est posuere bibendum. Sed quis nulla tellus.

    ADDRESS

    63739 street lorem ipsum City, Country

    PHONE

    +12 (0) 345 678 9

    EMAIL

    info@company.com