Menu

Обука за влага на вработени од БМ

Во периодот од 21-23 Јануари вработени од Бирото за метрологија беа на специјализирана обука за Калибрација на сензори за релативна влага во Турскиот национален институт за метрологија. Со тоа Бирото за метрологија се стекнува со потребното искусто во оваа област и можноста за вршење на овој тип на мерила.

Интеркомпарација на електрични величини

Успешно е завршена интеркомпарацијата во склоп на проектот “IPA 2011 Quality Infrastructure – Western Balkans and Turkey” за областа  „РТ 5 – електрични величини“ во која лабораторијата за AC/DC ниска фреквенција при Бирото за метрологија е пилот лабораторија. Во РТ 5 групата уште учествуваат и Националните Метролошки Лаборатории од Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија, […]

Оглас за вработување

Оглас за вработување во Бирото за метрологија.

Меѓународен Конгрес на метролози

Во период од 16-18 октомври, 2013 год. во Бор, Р.Србија се одржа Меѓународен Конгрес на метролози, во организација на “Дирекцијата за мери и драгоцени метали” на Р.Србија, “Заводот за метрологија” на Црна Гора, “Друштвото на метролози” на Р.Србија и “Факултетот за технички науки” од Нови Сад.Министерство за економија-Биро за метрологија зема учество на Конгресот со […]

Соопштение

Врз основа на член 6 и член 40 од Законот за метрологијата („Службен весник на Република Македонија“ бр.55/2002, 84/2007, 120/2009, 136/2011 и 06/2012) овластени работници на Бирото за метрологија за вршење на надзор во периодот од 02.11.2013 до 03.11.2013 извршија надзор на справи за течни горива на седум бензински станици во регионот на северозападна Македонија. […]

Работна посета во Словенија

Во периодот од 03.09 до 05.09.2013 година, делегација од Бирото за метрологија на чело со директорот м-р Димитар Парнарџиев, оствари работна посета на Министерството за сообраќај и Агенцијата за сообраќај на Република Словенија, како и обука од областа на хомологацијата „Одобрување на тип на возила и трактори согласно Директивата 2007/46 EC и 2003/37 EC“ , помогната од TAIEX инструментот.

Бирото за метрологија објави CMCs за маса

  На ден 09.07.2013 година, лабораторијата за калибрација на маса на Министерство за економија-Биро за метрологија, Скопје објави најдобри калибрациони и мерни можности (CMCs) во дата базата на Меѓународното Биро за мерки и тегови (KCDB BIPM). Со влезот во дата базата, сите понатамошни калибрациони сертификати, кои лабораторијата ќе ги издава за калибрација на тегови во […]

ОБЈАВЕН ПРВИОТ CMCs ЗА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО KCDB НА BIPM

  Со особено задоволство имаме чест да Ве известиме дека на ден 02.07.2013 година на интернет страницата на Меѓународното Биро за тегови и мери – BIPM е објавен првиот сет на калибрационите и мерните можности (способности) – CMCs  испратен од Лабораторијата за калибрација на мерила за зафатнина и проток, Биро за метрологија – Министерство за […]

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА ЗА МЕРИЛА ЗА МЕ

На 23 Мај 2013 година во просториите на Хотел-ресторан КАМНИК – Скопје, се одржа “Презентација на законската регулатива и мерилата за мерење на шеќерност на грозје, шира и вино“. Презентацијата беше организирана од страна на Maselli Misure S.p.A, Parma, Италија со цел запознавање на винарските визби, преработувачите и откупувачите на винско грозје, со иструментите и уредите за мерење на шеќерност во грозје и шира.

Набавка на опрема во лаб. за температура

Лабораторијата за температура преку jавна набавка е доопремена со Прецизен Отпорнички мост за термометрија. Мостот ќе се користи за мерење (калибрација) на Стандардни Платиниумски Отпорнички термометри (SPRT) и термопарови.

Switch The Language
    Scroll Up

    Etiam magna arcu, ullamcorper ut pulvinar et, ornare sit amet ligula. Aliquam vitae bibendum lorem. Cras id dui lectus. Pellentesque nec felis tristique urna lacinia sollicitudin ac ac ex. Maecenas mattis faucibus condimentum. Curabitur imperdiet felis at est posuere bibendum. Sed quis nulla tellus.

    ADDRESS

    63739 street lorem ipsum City, Country

    PHONE

    +12 (0) 345 678 9

    EMAIL

    info@company.com