Menu

20-ти МАЈ – СВЕТСКИ ДЕН НА МЕТРОЛОГИЈАТА

Светскиот ден на метрологијата го слави потпишувањето на Метарската Конвенција во која членува и Република Македонија преку Бирото за метрологија. Конвенцијата ја постави рамката за глобална соработка помеѓу науката за мерење и нејзините индустриски, комерцијални и општествени апликации.
Главната цел на Метарската Конвенција е единството на мерењето во светот, а тоа останува важно и денес, исто како и пред 138 години.

НАДЗОРНА ПОСЕТА ОД ИАРМ

На 17 и 18 Април 2013 година се Институтот за акредитација на Република Македонија изврши надзорна посета над примената на Системот за квалитет на Бирото за метрологија согласно МКС EN ISO/IEC 17025, a во врска со доделениот Сертификат за акредитација бр. ЛК-006 од страна на истата институција. Надзорната посета беше  направена од страна на водечкиот […]

Апликација за CMC Волумен и проток

Националната лабораторија за зафатнина и проток поднесе апликација за потврда на калибрационите мерни способности (CMC) до Техничкиот Комитет за проток на EURAMET и истата е во постапка на проверка и потврда од страна на Ревизионата група за CMC. 

Апликација за CMC Маса

Лабораторијата за калибрација на маса, при Министерство за економија-Биро за метрологија-Скопје, во месец Февруари испрати апликација до EURAMET и дата базата на BIPM (KCDB BIPM) за впишување на најдобрата калибрациона мерна можност (CMC) на лабораторијата, како резултат на долгогодишното истражување и извршени мерења во областа на калибрација на тегови и учества во Меѓународни меѓулабораториски споредувања […]

Интеркомпарација на електрични величини

Лабораторијата за AC/DC ниска фреквенција при Бирото за метрологија е пилот лабораторија за областа  „РТ 5 – електрични величини“ во склоп на проектот “IPA 2011 Quality Infrastructure – Western Balkans and Turkey”.

РАБОТНА ПОСЕТА АД „ОКТА“ СКОПЈЕ

На ден 01.02.2013 година, Директорот на Бирото за метрологија Димитар Парнарџиев реализираше работна посета на Рафинеријата „ОКТА“ – Скопје. Целта на оваа посета беше запознавање со капацитетите на ОКТА, со процесот на производство на нафта и нафтени деривати, како и мерните места каде се поставени мерила кои подлежат на верификација. 

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Подносителите на барање за верификација на мерила треба да достават пополнето во целост барање за верификација и прилог спецификација ( Упатство )

НАБАВЕНА ОПРЕМА ЗА ЛАБОРАТОРИИТЕ ВО БМ

Во Декември 2012, три лаборатории на Бирото за метрологија – Лабораторијата за маса, Лабораторијата за зафатнина и проток и Лабораторијата за испитување на скапоцени метали, преку постапка на јавна набавка се опремени со масени компаратори со кои што ќе се овозможи проширување на опсегот за мерење на лабораториите

РАБОТНА СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА СЕРВИСИ ЗА ВАГИ

На 04.01.2013 год., во просториите на Бирото за метрологија се одржа работна средба со претставници на сервисите за одржување на ваги. Состанокот беше одржан со цел координирање на активностите во делот на верификација на мерила, а сето тоа со цел навремена реализација на барањата за верификација како и продолжување на досегашната успешна соработка.

РАБ. СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА СЕРВИСИ ЗА СМТГ И ТНГ

На 04.01.2013 год., во просториите на Бирото за метрологија се одржа работна средба со претставници на сервисите за одржување на справи за течно гориво и течен нафтен гас. Состанокот беше одржан со цел координирање на активностите во делот на верификација на мерилата, а сето тоа со цел навремена реализација на барањата за верификација како и […]

Switch The Language
    Scroll Up

    Etiam magna arcu, ullamcorper ut pulvinar et, ornare sit amet ligula. Aliquam vitae bibendum lorem. Cras id dui lectus. Pellentesque nec felis tristique urna lacinia sollicitudin ac ac ex. Maecenas mattis faucibus condimentum. Curabitur imperdiet felis at est posuere bibendum. Sed quis nulla tellus.

    ADDRESS

    63739 street lorem ipsum City, Country

    PHONE

    +12 (0) 345 678 9

    EMAIL

    info@company.com