ГОДИШЕН СОСТАНОК НА IAAO И ВИЕНСКАТА КОНВЕНЦИЈА ЗА СКАПОЦЕНИ МЕТАЛИ
Во периодот од 8 до 12 Септември 2015 година во Лондон, Велика Британија, претставници од Бирото за метрологија земаа учество на 77-от состанок на Hallmarking конвенцијата и 16-от состанок на IAAO (Меѓународната асоцијација на институции кои проверуваат предмети од скапоцени метали). Hallmarking конвенцијата или позната како Конвенцијата за контрола и означување на предмети од скапоцени метали или “Виенска Конвенција” е меѓународен договор помеѓу државите договорнички, која има за цел олеснување на прекуграничната трговија на предмети од скапоцени метали. Опсегот на Конвенцијата е строго ограничен на контрола на содржината на предмети од скапоцени метали. IААО е форум за размена на информации и промоција на техничка соработка меѓу надлежните државни канцеларии за анализа и жигосување на предмети од скапоцени метали.









