Menu

Директорот на Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини-Биро за Метрологија учествува во прославата на Светскиот ден на Метрологијата, во Париз.

21/05/2025 by

Директорот на Бирото за Метрологија на Северна Македонија, г. Седад Рушани, учествува на свеченото одбележување на Светскиот ден на Метрологијата, во Париз. Тој е дел од тридневниот симпозиум, организиран од Меѓународното Биро за мерки и тегови (BIPM), со седиште во Париз, по повод 150-годишнината од потпишувањето на Метарската Конвенција.
На 20 мај 2025 година се одбележува значаен јубилеј во областа на науката за мерење – 150-годишнина од Метарската конвенција. Оваа година Светскиот ден на Метрологијата е одбележан со посебен меѓународен симпозиум под наслов „150 години Метарска конвенција: Наука, иновации и глобално влијание“. Настанот, организиран во партнерство со UNESCO, собра претставници на Национални метролошки институти, Влади, познати научници, експерти од индустријата, студенти и поширока јавност, за да се истакнат исклучителните достигнувања на мерењето во изминатите 150 години.

Свечениот симпозиум продолжува со дводневна Конференција, која се одржува во Версај. Конференцијата вклучува презентации од метролошката меѓународна заедница и стручни дискусии, кои ќе овозможат отворена размена на идеи на теми поврзани со главните резултати на Стратегијата CIPM 2030+.

Присуството на директорот Седад Рушани на овој престижен настан ја потврдува посветеноста на Северна Македонија кон одржување на следливоста на мерењата до меѓународните еталони, научните достигнувања и активното учество во глобалната заедница за мерење.

Switch The Language
    Scroll Up

    Etiam magna arcu, ullamcorper ut pulvinar et, ornare sit amet ligula. Aliquam vitae bibendum lorem. Cras id dui lectus. Pellentesque nec felis tristique urna lacinia sollicitudin ac ac ex. Maecenas mattis faucibus condimentum. Curabitur imperdiet felis at est posuere bibendum. Sed quis nulla tellus.

    ADDRESS

    63739 street lorem ipsum City, Country

    PHONE

    +12 (0) 345 678 9

    EMAIL

    info@company.com