Потпишан колективен договор во Бирото за метрологија: Зголемување на платите и унапредување на правата на вработените
Директорот на Бирото за метрологија Шабан Нуредини и претседателот на Синдикатот при Бирото, за прв пат потпишаа колективниот договор за вработените во Бирото, со што се прави значаен чекор кон унапредување на статусот на вработените и зајакнување на социјалниот дијалог во институцијата.
Со Колективниот договор се предвидува зголемување на платите на административните службеници, кое ќе се реализира во три фази, во периодот од март 2026 до март 2028 година, при што платата на административните службеници ќе се зголеми до 40%.
Со овој договор дополнително се уредуваат правата, обврските и работниот статус на вработените, како и условите за работа, со што се обезбедува поголема сигурност, подобра заштита на работничките права и појасна рамка за функционирање на институцијата.




