Бирото за метрологија на Северна Македонија и Агенцијата за метрологија на Косово потпишаа меморандум за соработка
На 18 мај беше потпишан договор за соработка меѓу Бирото за метрологија на Северна Македонија и Агенцијата за метрологија на Косово. Овој договор има за цел зајакнување на институционалната соработка, размена на професионални искуства и унапредување на метрoлошките стандарди согласно меѓународните практики. Потпишувањето на овој договор доаѓа во пресрет на Светскиот ден на метрологијата, истакнувајќи ја важноста на прецизните мерења за економскиот, технолошкиот и научниот развој. Претставниците на двете институции ја оценија оваа соработка како важен чекор кон зајакнување на регионалните стандарди и унапредување на интегративните процеси.








