Меѓународен метролошки симпозиум во Радом, Полска
Во градот Радом, Полска, директорот на Бирото за метрологија на Република Северна Македонија учествуваше на 4-тиот метролошки симпозиум RADWAG – „The Latest Technological Solutions in Mass Metrology“.
Овој настан претставува значаен меѓународен форум за презентирање и размена на знаења за најновите технолошки достигнувања во областа на метрологијата, со посебен акцент на дигитализацијата, автоматизацијата и роботиката, како и на современите решенија за мерење на маса.
Учеството на овој меѓународен настан претставува значајна можност за размена на искуства, професионални практики и знаења со експерти и претставници на различни институции од повеќе земји.
Бирото за метрологија останува посветено на развојот на професионалните капацитети, следењето на технолошките иновации и зајакнувањето на меѓународната соработка, со цел понатамошно унапредување на метрлошкиот систем и обезбедување квалитетни услуги во согласност со меѓународните стандарди и практики.













