Menu

Годишен состанок на Комитетот на WELMEC e.V. во Брно, Чешка

30/04/2026 by

Годишен состанок на Комитетот на WELMEC e.V. во Брно, Чешка

7-миот годишен состанок на Комитетот на WELMEC e.V. успешно беше одржан во Брно, Чешка Република, обединувајќи претставници од земјите членки на WELMEC и партнерските организации, за да дискутираат за клучните случувања и идните приоритети во европската законска метрологија.

На состанокот присуствуваа Директорот на Бирото за метрологија, г-дин Шабан Нуредини, како делегат и д-р Бианка Мангутова-Стоилковска, како заменик-делегат во WELMEC. Значаен момент на годинешниот состанок беше официјалното прифаќање на Украина како нова членка на WELMEC, со што таа стана 39-та членка на организацијата. Овој важен чекор дополнително ја зајакнува соработката низ Европа и го одразува континуираниот ангажман на WELMEC кон инклузивност, соработка и хармонизација на системите за законска метрологија.

Состанокот исто така означи и важна промена во раководството. Ова беше последниот состанок на Комитетот со претседавање на гдин Павел Кленовски, чиј мандат како претседавач завршува на почетокот на мај. Почнувајќи од мај, функцијата претседавач ќе ја преземе гдин Јан Деконинк (SPF, Белгија).

 

Членките на WELMEC изразија искрена благодарност до гдин Кленовски за неговата извонредна посветеност, лидерство и вреден придонес кон WELMEC и полето на законската метрологија во изминатите шест години на функцијата претседавач. Неговата заложба и насока одиграа важна улога во унапредувањето на соработката и поддршката на стратешкиот развој на WELMEC.

Switch The Language
    Scroll Up

    Etiam magna arcu, ullamcorper ut pulvinar et, ornare sit amet ligula. Aliquam vitae bibendum lorem. Cras id dui lectus. Pellentesque nec felis tristique urna lacinia sollicitudin ac ac ex. Maecenas mattis faucibus condimentum. Curabitur imperdiet felis at est posuere bibendum. Sed quis nulla tellus.

    ADDRESS

    63739 street lorem ipsum City, Country

    PHONE

    +12 (0) 345 678 9

    EMAIL

    info@company.com