Во градот Радом, Полска, директорот на Бирото за метрологија на Република Северна Македонија учествуваше на 4-тиот метролошки симпозиум RADWAG – „The Latest Technological Solutions in Mass Metrology“. Овој настан претставува значаен меѓународен форум за презентирање и размена на знаења за најновите технолошки достигнувања во областа на метрологијата, со посебен акцент на дигитализацијата, автоматизацијата и роботиката, […]
На 20-ти мај, глобалната метролошка заедница го прославува Светскиот ден на метрологијата, одбележувајќи ја годишнината од потпишувањето на Метарската Конвенција во 1875 година. Бирото за метрологија, заедно со глобалната метролошка заедница, ја прославува овогодишната тема “Метрологија: Градење доверба во креирањето политики”.
На 18 мај беше потпишан договор за соработка меѓу Бирото за метрологија на Северна Македонија и Агенцијата за метрологија на Косово. Овој договор има за цел зајакнување на институционалната соработка, размена на професионални искуства и унапредување на метрoлошките стандарди согласно меѓународните практики. Потпишувањето на овој договор доаѓа во пресрет на Светскиот ден на метрологијата, истакнувајќи […]
Годишен состанок на Комитетот на WELMEC e.V. во Брно, Чешка 7-миот годишен состанок на Комитетот на WELMEC e.V. успешно беше одржан во Брно, Чешка Република, обединувајќи претставници од земјите членки на WELMEC и партнерските организации, за да дискутираат за клучните случувања и идните приоритети во европската законска метрологија. На состанокот присуствуваа Директорот на Бирото за […]
Директорот на Бирото за метрологија Шабан Нуредини и претседателот на Синдикатот при Бирото, за прв пат потпишаа колективниот договор за вработените во Бирото, со што се прави значаен чекор кон унапредување на статусот на вработените и зајакнување на социјалниот дијалог во институцијата. Со Колективниот договор се предвидува зголемување на платите на административните службеници, кое ќе […]
Согласно член 37- а од Законот за метрологија се информираат странките за промена на сметката за уплата на надоместоците за услугите кои ги врши Бирото за метрологија со датум од 09.12.2025 година : ПРОМЕНА НА СМЕТКА од 09.12.2025 година Жиро сметка за извршени услуги Назив на примачот – Буџет на РСМ Банка на примачот – […]