На 11-ти и 12-ти октомври 2022 година, во Талин, Естонија, се одржа седмиот состанок на Директори на Националните Метролошки Институти, во рамките на Работната група за зајакнување на капацитетите на EURAMET – BoD WGCB. Целта на оваа работна група е да ја по ддржи визијата за кохерентна, ефикасна, одржлива и интегрирана Европска метролошка мрежа, да идентификува и предложи мерки за градење и подобрување на капацитетот на сите членки на EURAMET, особено за новите и малите Национални метролошки институти и придружните институти (DI), како и да се подигне свеста за развојот на метрологијата и инфраструктурата за квалитет на сите земји-членки.
На состанокот, кој се одржуваше во хибридна форма, беа презентирани новините во работата на EURAMET, значајни информации за постоечките програми за зајакнување на капацитетите на метролошката инфраструктура, искуства од досегашната практика, како и нова платформа „е-учење“ (e-learning).
Присутните претставници на Националните метролошки институти ги презентираа новитетите и реализираните развојни активности во своите метролошки институти, за период од една година, од претходната средба. Беше преставен план на активности за зајакнување на капацитетите во наредниот период, врз основа на претходно утврдени потреби.
На овој состанок, Бирото за метрологија го преставуваа Директорот, м-р Мерита Мустафаи и менаџерот за квалитет, д-р Бианка Мангутова-Стоилковска.