|
 Почитувани, Добредојдовте на интернет страницата на Бирото за метрологија.
Овде ќе најдете информации за нашата организациона поставеност, начинот на работа, капацитети, проекти и активности, како и закони, подзаконски акти, формулари и обрасци поврзани со работата на Бирото за метрологија. Метролошкиот систем и Бирото за метрологија како национална метролошка институција се клучна основа за инфраструктурата на државата и една од најзначајните потпори на научниот и технички прогрес. Поаѓајќи од основните функции на Бирото за метрологија за директно или индиректно обезбедување на заштитата на животната средина и природата, општата техничка безбедност, непречената размена на стоки и услуги, заштитата на потрошувачите, ќе се трудиме да Ве информираме за сите активности, задачи и можности на Бирото за метрологија, преку редовно ажурирање на нашата интернет страница.
Се надевам дека содржините на страницата ќе ви понудат корисни информации.
 Со почит,
Директор Димитар Парнарџиев, дипл.маш.инж. |